а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

придобие

продобијат; придобиј, придоби, придобијте; придобив, придобија; придобил; придобиев, придобиеја; придобиел; придобиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7131
1. здобие, стекне
Англиски: obtain Албански: merr, fiton
Примери:
Таму тукуречи не постои човек што не придобил или што не наследил некој прекар.
2. Привлече на своја страна; направи да смени мислење.
Англиски: enlist Албански: përfitoj
Примери:
Се обидоа да го придобијат и со пари.
За да ги придобие своите противници, направи отстапки од својот план.
Тој правеше се да ја придобие.
3. Добие нов изглед, својство и сл.
Англиски: obtain Албански: merr
Примери:
Од неочекуваната вест неговите очи придобија вкочанет поглед.
Салата придоби свечен изглед.
Изведенки
1. придобива несв.
придобиваат
2. придобивање ср.
глаг. им.