а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

придаде

придадат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Додаде кон нешто уште малку.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Ќе ми придадеш уште некоја пара?
2. Додаде, приклучи нешто кон поголема целина.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Ним ќе им придадеш двајца работници.
Кон ова треба да се придадат и материјалите умножувани на машина.
3. Додаде нешто кон исказ, текст; дополни, се доискаже.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Тој ѝ придаде на својата теорија некои нови сознанија.
Авторот на рефератот придаде уште неколку размислувања кон своето излагање.
4. Нададе, продолжи нешто.
Англиски: attach Албански: shtoj, bashkangjes
Примери:
Ја придаде врвката и го врза пакетот.
Шивачката го придаде кусото здолниште на девојчето.
5. Даде некое својство, вкус.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Лимоновиот сок ѝ придаде киселкав вкус на чорбата.
6. Припише смисла, значење, важност.
Англиски: attach Албански: shtoj, bashkangjes
Примери:
На последните зборови им придаде особено значење, важност.
Изрази
Господ да придаде - обично по завршување на ручек, вечера; желба за побогата трпеза.
Изведенки
1. придава несв.
(се) придаваат
2. придавање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи