а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приготви

приготват
Вид збор: Глагол, свршен
1. Подготви, направи подготовка за нешто.
Англиски: prepare Албански: përgatis
Примери:
Тој го приготви коњот за долгиот пат.
Таа приготви убаво изненадување за нас, но и ние не останавме кусо.
Ученикот ја приготви чантата за в училиште.
2. Направи јадење, подготви вид храна.
Англиски: prepare Албански: përgatis
Примери:
Домаќинката го приготвила ручекот.
Таа приготви зимница.
3. (се приготви) Се спреми, се подготви за некаде, за нешто.
Англиски: prepare Албански: përgatitem
Примери:
Каде сте се приготвиле да одите?
Роднините се приготвија за враќање во татковината.
4. (се приготви) се дотера, се натокми
Англиски: prepare Албански: përgatitem, rregullohem
Примери:
Матурантите се приготвија за матурската забава.
Изведенки
1. приготвува несв.
(се) приготвуваат
2. приготвување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи