а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приговор

мн. приговори
Вид збор: Именка, машки род
1. Противставување на туѓо мислење.
Англиски: objection Албански: kundërshtim
Употреба: Правда
Примери:
Судијата го усвои приговорот од обвинителот.
2. Формална постапка со која се поднесуваат аргументи против нечиј став.
Англиски: objection Албански: kundërshtim
Употреба: Правда
Примери:
Два приговора за Струга направија етничка поделба.
3. прекор, критика
Англиски: criticism Албански: kritik
Примери:
Често се слушаат приговори дека учениците се преоптоварени со домашни работи.
Таа настапува авторитетно, не трпи приговори.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи