а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приврши

привршат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Приведе кон крај започната работа.
Англиски: conclude Албански: mbaroj, përfundoj
Примери:
Привршија подготовките за свеченостите.
Мајсторите привршија со малтерисувањето.
2. Потроши скоро до крај храна, резерви и сл.
Англиски: finish Албански: mbaroj, përfundoj
Примери:
Уште малку, ќе ги привршиме резервите масло.
Привршив со шеќерот.
3. (се приврши) Се приведе нешто кон крај, се заврши.
Англиски: finish Албански: përfundoj, mbaroj
Примери:
Се приврши учебната година.
Се приврши дискусијата.
Се приврши полската работа.
Изведенки
1. привршува несв.
(се) привршуваат
2. привршување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи