а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

привлече

привлечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Привлече кон себе.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Ја привлече кон себе и ја бакна.
Магнетот ги привлече металните делови.
Молекулите на водородот ги привлекоа водородните атоми.
2. Предизвика интерес, љубопитство и сл.
Англиски: attract Албански: tërheq
Примери:
Саемот на книги привлече многу посетители.
Убавините на Македонија ќе привлечат голем број туристи.
Го привлече миризбата од колачињата.
3. Предизвика внимание.
Англиски: attract Албански: tërheq
Примери:
Тој напис го привлече вниманието на стручната јавност.
Неговиот говор го привлече вниманието на присутните.
4. Предизвика симпатии кај некого.
Англиски: attract Албански: tërheq, josh
Примери:
Таа го привлече со нејзината убавина уште од студентски денови.
Тој ја привлече девојката од соседството со доброто однесување.
5. (се привлече) Се доближи до нешто.
Англиски: draw Албански: afrohem
Примери:
Некој се привлече зад оградата.
6. (се привлече) Се доближи еден со друг.
Англиски: near Албански: afrohem
Примери:
Наелектризираните честички силно се привлекоа.
7. (се привлече) Почувствува меѓусебна привлечност, симпатија.
Англиски: attract Албански: tërheq, josh
Примери:
Тие се привлекле.
Изведенки
1. привлечува несв.
(се) привлечуваат
2. привлечување ср.
глаг. им.
3. привлекува несв.
(се) привлекуваат
4. привлекување ср.
привлекувањето
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи