а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приватен

приватни
Вид збор: Придавка
1. Што се однесува, што припаѓа на одредено лице, семејство.
Англиски: private
Примери:
приватен имот
приватна сопственост
2. Што е длабоко личен, што не е за јавност.
Англиски: intimate
Примери:
приватен живот
приватен разговор
приватна забава
приватно познанство
3. неофицијален, личен
Англиски: private
Примери:
приватна посета
приватна работа
приватен детектив
4. Што се засновува и што се прави, што работи со средства и капитал на приватник (приватници).
Англиски: private
Примери:
приватни медиуми
приватен бизнис
приватна организација
приватни плажи
приватен универзитет
Изрази
Приватно право - гранка од правото што ги регулира односите меѓу приватните субјекти.
По приватна линија - лично.
Изведенки
приватност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи