а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приближи

приближат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Поднамести поблизу до некого или до нешто.
Англиски: draw near Албански: afroj
Примери:
Мајката го приближи девојчето до себе и го гушна.
Тие ја приближија масата до креветот.
2. Дојде близу до нешто или до некого, наближи, доближи.
Англиски: get nearer Албански: afroj
Примери:
Тие полека и внимателно приближија до реката.
Пешачејќи, тој приближи до граница.
Овците приближија до трлото.
3. Стигне при крај, до завршување некоја задача, замисла, цел.
Англиски: get closer Албански: afroj, mbaroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Приближивме до остварување на проектот.
4. (се приближи) Дојде во непосредна близина на нешто или некого, се приближи.
Англиски: get nearer Албански: përafroj
Примери:
Се приближив да ѕирнам во бунарот.
Старецот полека се приближи до шалтерот.
Се приближија еден до друг.
5. Се намали времето до некој настан, наближи.
Англиски: get closer Албански: afroj
Примери:
Се приближи времето за напад.
Се приближи крајот на учебната година.
6. (се приближи) Доаѓа поблиску.
Англиски: get nearer Албански: afroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не приближувај ми се.
Изведенки
1. приближува несв.
(се) приближуваат
2. приближување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи