а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преѕида

преѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изѕида повторно, уште еднаш нешто што е урнато, разрушено.
Англиски: rebuild Албански: muratoj rishtaz
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Ја преѕидаа старата црква.
2. Изѕида, ѕида поинаку, на друг начин.
Англиски: reconstruct Албански: rindërtoj
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Ќе го преѕидаме вториот кат од куќата.
3. Загради, оддели со ѕид.
Англиски: separate Албански: ndaj, separoj
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Го преѕидав салонот и сега имам уште една соба.
Изведенки
1. преѕидува несв.
преѕидуваат
2. преѕидување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи