а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пречи

пречат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Нарушува нечие спокојство, одвлекува внимание.
Англиски: disturb Албански: pengoj
Примери:
Еве ги новинарите што ѝ пречат на власта.
Ми пречи во работата.
Простете што ви пречам!
Детето не ми пречи во учењето.
2. Се јавува како пречка, претставува пречка.
Англиски: hinder Албански: pengoj
Примери:
Гранките ми пречат, морам да ги пресечам.
Му пречат мозолчињата.
3. Не се согласува со некого, се спротивставува на нешто.
Англиски: disagree, oppose Албански: kundërshtoj, pengoj
Примери:
Ми пречи неговата љубопитност.
4. Има неповолно влијание врз нешто, не одговара.
Англиски: bother Албански: shqetsoj, pengoj
Примери:
Му пречи сонцето.
Му пречи мрсна храна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи