а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претстави

претстават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Соопшти нечие име на формален начин; запознае со друг.
Англиски: introduce Албански: njoftoj
Примери:
Го претстави гостинот на пријателите.
Да ви го претставам мојот свршеник.
2. Најави покаже, прикаже пред публика.
Англиски: present Албански: prezantoj
Примери:
Убаво ја претстави најновата стихозбирка пред публиката.
3. Сврти внимание на нешто, образложи нешто.
Англиски: point out Албански: përmend
Примери:
Да ви го претставиме проблемот со кој се соочуваме.
4. наслика
Англиски: paint Албански: përshkruaj
Примери:
Со кои бои ќе ја претставиш пролетта во цртежот?
5. За театарска претстава, филм - даде, прикаже, изведе.
Англиски: show Албански: shfaqe
Примери:
Претставиле една современа драма.
6. Изрази на друг начин.
Англиски: present Албански: prezantoj
Примери:
Дропките претстави ги како децимални броеви.
7. (се претстави) Го каже своето име пред другите.
Англиски: introduce Албански: u prezantua
Примери:
Дозволете да ви се претставам.
8. (се претстави) Се прикаже како некаков.
Англиски: pretend Албански: u prezantua
Примери:
Се претстави како месија.
Се претстави како богаташ.
9. (се претстави) Се појави пред публика, игра во претстава, филм, итн.
Англиски: introduce Албански: u prezantua
Примери:
Се претстави со најновата мелодија.
Се претстави како добар актер во филмот.
10. (си претстави) Си замисли, си создаде слика во мислите.
Англиски: imagine Албански: imagjinoj
Примери:
Можете ли да си претставите каков јунак е тој?
Си ги претстави сите доживувања од младоста.
Изведенки
1. претставува несв.
претставуваат
Пример: Тоа претставува опасност за населението.
2. претставување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи