а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претстава

мн. претстави
Вид збор: Именка, женски род
1. Изведба пред публика на пиеса, музика, танц и сл.
Англиски: performance Албански: çfaqje, performancë
Примери:
Театарска претстава.
Претстава во циркусот.
2. Чин на прикажување, обично на филм во кино.
Англиски: showing Албански: çfaqje
Примери:
Филмот се дава во две вечерни претстави.
3. Ментална слика за нешто, замисла.
Англиски: idea Албански: ide
Примери:
Нема претстава за својата положба.
Има точна претстава за време.
4. Впечаток, слика, раширено сфаќање за нешто.
Англиски: impression Албански: pasqyrë, impresion, përshtypje
Примери:
Оценките во дневникот ми дадоа јасна претстава за ученикот.
Моите претстави за оваа работа се поинакви.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи