а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претопи

претопат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со загревање, со топење даде друг облик на нешто што се топи (восок, маст, злато).
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Восокот го претопи во нови калапи.
2. Преработи руда со топење.
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Во работилницата претопуваа олово.
3. За народ - промени идентитет, асимилира.
Англиски: assimilate Албански: asimiloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие сакале да го претопат народот.
4. (се претопи) Се претвори во нешто друго, стане поинаков.
Англиски: melt Албански: ndryshoj
Примери:
Тие се претопија со масата народ.
Се претопи кордонот на полицајците со оѕверената волчја глутница.
5. (се претопи) Прифати друг идентитет, се асимилира.
Англиски: assimilate Албански: asimiloj
Примери:
Иселениците бргу се претопија и станаа Американци.
Изведенки
1. претопува несв.
(се) претопуваат
2. претопување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи