а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претовари

претоварат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Натовари премногу, повеќе што може да носи, да издржи.
Англиски: overload Албански: mbingarkoj
Примери:
Коњот беше претоварен со стока за на пазар.
2. Оптовари некого со обемна, тешка работа, зададе некому многу должности, задолженија и сл.
Англиски: overburden Албански: mbingarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Шефот го претовари со задолженија.
3. Премести товар од едно место на друго.
Англиски: reload Албански: ringarkoj
Примери:
Овошјето од кошевите го претовари во гајби.
4. Повторно, поинаку натовари нешто.
Англиски: reload Албански: ringarkoj
Примери:
Тој ги претовари кутиите за да ги собере во багажникот.
5. За коњ, магаре, товарно животно - отфрли тоа што е товарено.
Албански: hidhë
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно
6. (се претовари) Се натовари повеќе отколку што може да носи.
Англиски: overload Албански: mbingarkoj
Примери:
Купи сè што му порачаа, се претовари и мораше да викне такси.
7. (се претовари) Се оптовари со обемна, тешка работа, прифати многу должности, задолженија.
Англиски: overburden Албански: mbingarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не претоварувај се премногу со должности.
8. (се претовари) За товарно животно - се ослободи од тоа со што е товарено.
Албански: liroj
Употреба: Дијалектен збор
Изведенки
1. претоварува несв.
(се) претоваруваат
2. претоварување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи