а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претече

претечат; претечи, претечете; претеков, претекоа; претекол, претекле; претечев, претечеа, претечел; претечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22468
1. Престане да тече, истече до крај.
Англиски: dry up Албански: ndal rrjedhën
Примери:
Селската чешма секна, претече.
2. Се прелее, истече течност од преполнет сад или при вриење; се излие вода надвор од границите (река од корито и сл.).
Англиски: overflow Албански: derdhet
Примери:
Млекото во тенџерето претече.
3. престигне
Англиски: overtake Албански: kaloj
Употреба: Ретко
Примери:
Го извади ќесето, ама трговецот го претече.
4. притече
Англиски: reach Албански: zgjat, arrij
Употреба: Дијалектен збор
Изведенки
1. претекува несв.
претекуваат
2. претекување ср.
глаг. им.
3. претечување ср.
глаг. им.
4. претечува несв.
(се) претечуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК