а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претера

претераат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Премине мерка, определена граница во нешто; прикаже, претстави нешто поголемо отколку што е.
Англиски: exaggerate Албански: teproj
Примери:
Претера со нејзините барања.
Тој веќе поретко се напиваше, гледаше да не претера.
Колегата малку претера, малку преувеличи некои работи.
2. Со терање преведе, префрли добиток, луѓе од едно на друго место.
Англиски: carry over Албански: nisje
Примери:
Тие го претераа стадото на бачило.
3. Помине низ нешто.
Англиски: go through Албански: kaloj nëpër
Употреба: Ретко
Примери:
Смоквите ги претера низ неколку води.
4. Помине, престојува некаде некое време.
Англиски: spend time Албански: kaloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој претера еден месец на село.
5. помине, протера
Албански: kaloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Како претеравте сношти на гости?
6. Доживее нешто.
Англиски: experience Албански: përvojë
Употреба: Разговорно
Примери:
Тие заедно претераа неколку години во заробеништво.
7. (се претера, само мн.) Помине едни по други, гонејќи се едни со други.
Англиски: pass Албански: kalonin
Употреба: Разговорно
Примери:
Многу војски се претераа во нашава земја.
8. Се појави во свеста, падне на памет.
Албански: erdh në vejte
Примери:
Триста мисли ти се претераа во умот.
Изведенки
1. претерува несв.
(се) претеруваат
2. претерување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи