а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пресуши

пресушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За река, езеро, вода - стане сув, безводен.
Англиски: dry out Албански: thahet
Примери:
Изворот пресуши и немаше вода за наводнување.
Водата во бунарот се смалила и пресушила.
2. За очи - изгуби влажност.
Англиски: dry out Албански: thahet
Примери:
Наеднаш солзите во очите пресушија.
3. Исчезне, заврши, сопре.
Англиски: cease Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во него зборовите така пресушија, што тој не успеа да прозбори повеќе.
Нашата сила е во народот и затоа никогаш не ќе пресуши.
Потоа фондовите пресушија и немаше капитал.
4. Исуши повеќе од потребното.
Англиски: dry out Албански: thahet
Примери:
Најубавите дрва за горење се оние што не пресушиле.
Таа ги пресуши билките на сонце.
5. (се пресуши) Стане сув.
Англиски: dry out Албански: thahet
Примери:
Потокот се пресушил.
Изведенки
1. пресушува несв.
(се) пресушуваат
2. пресушување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи