а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

престраши

престрашат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи некој да престане да се плаши; ослободи некого од страв.
Англиски: stop frightening Албански: ndaloj frigën
Примери:
Многу се плашеше од настапот, но силниот аплауз го престраши.
2. Многу исплаши.
Англиски: terrify Албански: tmerroj, frikësoj tepër
Примери:
Го престраши детето со секакви приказни за вампири.
3. (се престраши) Престане да се плаши, се ослободи од стравот.
Англиски: stop being frighten Албански: lirohem nga friga
Примери:
Тој се престраши и полека тргна кон ридот.
Сакам да го прашам нешто, ама не можам да се престрашам.
4. (се престраши) Се исплаши многу.
Англиски: frighten Албански: friksoj tepër
Примери:
Од таа глетка толку се престрашив и ноќе се будам од сон.
Изведенки
1. престрашува несв.
(се) престрашуваат
2. престрашување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи