а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преспие

преспијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Помине некое време во спиење.
Англиски: sleep Албански: flej
Примери:
Се прибра само навечер да преспие.
Немаше каде да се испружи да преспие.
2. Помине подолго време без да земе учество во некаква активност, стои настрана, немо набљудува нешто.
Англиски: oversleep Албански: flej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако не си чул за тоа име, си го преспал векот!
Тој си го преспа денот.
3. Помине една ноќ некаде, преноќи некаде.
Англиски: sleep Албански: flej
Примери:
Преспијте вечерва кај мене, па утре продолжете го патот.
Тој преспа десет ноќи во еден амбар.
4. Спие подолго од потребното, не се разбуди во определено време.
Англиски: oversleep Албански: flej tepër
Примери:
Побратимите ги преспаа и ноќта и денот по пиењето.
Изведенки
1. преспива несв.
преспиваат
2. преспивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи