а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преслуша

преслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Испита некого (ученик, студент) заради проверка на знаењето.
Англиски: test Албански: pyes, testoj
Употреба: Образование
Примери:
Му постави неколку прашања од романот за да го преслуша.
2. Испита сведок, виновник и сл.
Англиски: interrogate Албански: marr në pyetje
Употреба: Правда
Примери:
Судијата го преслуша сведокот.
3. Слуша повторно, повеќе пати.
Англиски: hear again Албански: ndëgjon përsëri
Примери:
Песната ја преслуша неколку пати.
4. (се преслуша) Се испита, го провери своето знаење.
Англиски: rehearse Албански: përsëris, ritregoj
Примери:
Ја повтори лекцијата и се преслуша.
Изведенки
1. преслушува несв.
(се) преслушуваат
2. преслушување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи