а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преслече

преслечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Промени облека.
Англиски: change Албански: çvishem, ndërroj veshjen
Примери:
Преслече кошула, облече потопло палто и веднаш излезе.
Таа го преслече детето зашто беше испотено.
2. Промени постелина.
Англиски: replace linen Албански: ndërroj çarçafet
3. Обложи со ново платно мебел.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Каучот го преслече со сино платно.
4. (се преслече) Се преоблече, (се) пресоблече.
Англиски: change Албански: ndërroj veshjen
Изведенки
1. (се) преслечува несв.
(се) преслечуваат
2. (се) преслекува несв.
(се) преслекуваат
3. преслечување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи