а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преплете

преплетат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Едно со друго исплете, измеша.
Англиски: weave Албански: ndërthuret
Примери:
Ги преплете прачките.
2. Повторно сплете.
Англиски: knit Албански: thur përsëri
Примери:
Го преплете распараното.
3. (се преплете) Се сплете, се вкрсти меѓусебно.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Гранките на кајсијата се преплетоа.
4. (се преплете) Меѓусебно се поврзе, се измеша.
Англиски: cross Албански: përzihet, ngatërrohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Судбините им се преплетоа.
Изведенки
1. преплетува несв.
(се) преплетуваат
2. преплетување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи