а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преоблече

преоблечат; преоблечи, преоблечете; преоблеков, преоблекоа; преоблекол, преоблекле; (ќе) преоблечев, (ќе) преоблечеа; (ќе) преоблечел; преоблечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9712
1. Соблече една, облече друга облека; смени облека.
Англиски: change clothes Албански: ndërroj petkat, rrobat
Примери:
Ги преоблече мокрите алишта.
2. Преправи некого за да не се препознае.
Англиски: disguise Албански: fsheh, maskoj
Примери:
Го преоблече како доктор.
3. (се преоблече) Си смени облека.
Англиски: change clothes Албански: ndërroj rrobat, veshjen
Примери:
Се преоблеков и отидов на работа.
4. (се преоблече) се маскира
Англиски: disguise Албански: maskohem, mbulohem
Примери:
Се преоблече во алиштата на другарката.
Изведенки
1. преоблечува несв.
преоблечуваат
2. преоблечување ср.
глаг. им.
3. преоблекува несв.
преоблекуваат
4. преоблекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК