а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пренесе

пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Премести некого или нешто од едно место на друго или преку нешто (река, граница).
Англиски: cross Албански: mbart
Примери:
Tоа не може да се пренесе толку лесно.
Со чун нè пренесе на другиот брег.
Товарот го пренесоа со воз.
2. Премести седиште, место на дејност.
Англиски: resettle Албански: transferoj
Примери:
Ги пренесоа одборите од градовите по селата.
3. Премести некого во мислите на друго место и во друго време.
Англиски: transport Албански: transportoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Приказната ги пренесе децата во светот на самовилите.
4. Распространи, рашири круг на дејствување.
Англиски: disseminate Албански: shpërndaj, përhap
Примери:
Просветителите ја пренесоа писменоста меѓу народите.
5. Предаде право на сопственост.
Англиски: transfer Албански: bartë, transferoj
Употреба: Правда
Примери:
Го пренесоа целиот имот на децата.
6. Отстапи, довери должност на друг.
Англиски: hand over Албански: bartë, dorëzoj
Примери:
Министерот им ги пренесе ингеренциите на замениците.
7. Прекаже, соопшти нешто некому директно или преку средство за општење (телефон, радио и сл.)
Англиски: notify Албански: përcjell
Примери:
Пренеси му ја пораката што ти ја кажав.
8. За болест - направи да премине на друг, зарази.
Англиски: spread Албански: përhap, bartë
Примери:
Ми ја пренесе неговата болест.
9. Изрази нешто (на хартија, платно).
Англиски: express Албански: bartë
Примери:
Емоциите ги пренесе во стихови.
10. (се пренесе) се премести, премине
Англиски: relocate Албански: zhvendos
Примери:
Тој си се пренесе со жената и децата во друг стан.
11. (се пренесе) Се присети на нешто.
Англиски: remember Албански: kujtoj, kthej
Употреба: Разговорно
Примери:
Се пренесе во детството.
12. (се пренесе) За болест, глас - се рашири, се разнесе.
Англиски: disperse Албански: përhap, shpërndaj
Примери:
Многу бргу се пренесе веста за нејзината болест.
Изведенки
1. пренесува несв.
(се) пренесуваат
2. пренесување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи