а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

премести

преместат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пренесе нешто од едно место на друго, промени место.
Англиски: move Албански: shpërngul, mbart
Примери:
Го преместил каменот од меѓата.
2. Промени место некому.
Англиски: relocate Албански: zhvendos
Примери:
Го преместија од прва клупа во трета.
3. Одреди некому работно место.
Англиски: move Албански: ndërron vendin e punës
Примери:
Ја преместија од книговодство во правната служба.
4. (се премести) Смени место, премине на друго место.
Англиски: change Албански: ndërroj vendin
Примери:
Се премести во друга куќа да живее.
Се преместила од гимназија во економско училиште.
Изведенки
1. преместува несв.
(се) преместуваат
2. преместување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи