а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прележи

прележат
Вид збор: Глагол, свршен
1. преспие, преноќева
Англиски: lie Албански: buj
Примери:
Ќе ја однесеа иконата кај некој болен да прележи некоја ноќ за здравје да му даде.
Ја прележаа ноќта во анот и заминаа.
2. Помине лежејќи болен до оздравување.
Англиски: stay Албански: qëndroj i shtrirë
Употреба: Медицина
Примери:
По дваесет дена ќе прележите тука во болницата.
3. За нива, земја - остане необработена, непосеана за приридно да ѝ се обнови плодноста.
Англиски: lie fallow Албански: qëndroj, djerr
Употреба: Земјоделство
Примери:
Поради малку ѓубриво, едни ниви се оставаат да прележат некое време.
4. За ракија, вино - се остави да отстои поради подобрување на квалитетот.
Англиски: mature Албански: qëndron për të arrirë, vjen
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ја остави ракијата да прележи.
Изведенки
1. прележува несв.
прележуваат
2. прележување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи