а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прекрсти

прекрстат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави на крст рака, нозе.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
Примери:
Седна и ги прекрсти нозете.
Ги прекрсти рацете.
2. Направи знак во форма на крст над некого или над нешто.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
Употреба: Религија
Примери:
Откако ја прекрсти трпезата, сите седнаа.
Ги прекрсти децата и ги благослови.
3. Створи да мине некој од една во христијанска вера; прими христијанска вера со обред.
Англиски: christianize Албански: krishter
Употреба: Религија
Примери:
Ги прекрстија сите од селото во христијани.
На старост го прекрстија христијанин.
4. Промени, смени име на некого или на нешто.
Англиски: rename Албански: riemërtoj
Примери:
Ја прекстија земјата од Бурма во Мијанмар.
Ја прекрсти ќерката од Невена во Елена.
5. (се прекрсти) Направи крст со рацете, како обреден чин.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
Употреба: Религија
Примери:
Се прекрстија пред иконата.
Се прекрсти и си легна.
6. (се прекрсти) Премине во христијанска религија.
Англиски: christen Албански: krishter
Употреба: Религија
Примери:
Се прекрстил во христијанска вера пред една година.
7. (се прекрсти) Се преименува, си смени име.
Англиски: rename Албански: riemërtoj
Примери:
Се прекрстил од Мошо во Тошо.
Изведенки
1. прекрстува несв.
(се) прекрстуваат
2. прекрстување ср.
мн. прекрстувања
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи