а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преколне

преколнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Колне, каже клетва за некого или за нешто.
Англиски: curse Албански: betohet
Примери:
Го преколнал аир да не види од ништо.
Ја преколнала во најмилото.
2. Заколне, замоли со клетва некого за нешто.
Англиски: curse Албански: lutet
Примери:
Ја преколна девојката да не го остава.
Го преколна поскоро да си дојде дома.
3. Даде клетва.
Англиски: swear Албански: betohem
Употреба: Народна поезија
Примери:
Како си клетва преколна, / ...до три години не дојде.
4. Проколне некого или нешто.
Англиски: damn Албански: mallkoj
Употреба: Ретко
Примери:
Ја преколна лошата судбина.
5. (се преколне) Се заколне во нешто.
Англиски: swear Албански: betohem
Примери:
Се преколна во Бога дека ќе ја кажува вистината.
6. (се преколне) Се проколне себеси.
Англиски: swear Албански: betohem
Примери:
Се преколнав дека ќе ја исполнам неговата последна желба.
Изведенки
1. преколнува несв.
(се) преколнуваат
2. преколнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи