а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преклони

преклонат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Наведне, свие нешто.
Англиски: bend Албански: lakoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Детето ја преклони гранката и откина едно јаболко.
2. За време - помине, одмине.
Англиски: pass Албански: kalim kohe
Примери:
Пладнето беше преклонило.
3. (се преклони) Се наведне, се свие
Англиски: bend Албански: lakoj
Примери:
Наеднаш му стана тешко и се преклони.
4. (се преклони) се покори
Англиски: submit Албански: parashtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа не сакаше да му се преклони.
5. (се преклони) се поклони
Англиски: bow Албански: përkul
Употреба: Ретко
Примери:
Тој се преклони пред иконата.
Изведенки
1. преклонува несв.
(се) преклонуваат
2. преклонување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи