а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прекине

прекине
Вид збор: Глагол, свршен
1. Раздели на делови со кинење, со прекин.
Англиски: tear Албански: ndërpres
Примери:
Тој ја прекина врвката.
Ја прекина жицата на неколку места.
2. (за пат, линија, струја) Запре тек, одвивање на нешто.
Англиски: disrupt Албански: shkëput
Примери:
Надојдената река го прекина патот до селото.
Силното невреме ги прекина сите телефонски линии.
Електродистрибуција ја прекина струјата неколку часа.
3. Запре некаква дејност, работа, состанок, разговор и сл.
Англиски: interrupt Албански: ndërpres
Примери:
Го прекинаа состанокот по два часа.
Да го прекинеме разговорот на таа тема.
Прекинаа со работата поради штрајк.
Ги прекина студиите.
Го прекина молчењето.
4. Пресече, не дозволи некој да се искаже до крај.
Англиски: interrupt Албански: ndërpres
Примери:
Тој остро го прекина соговорникот.
5. Раскине, прекрати, соработка, врска, другарство.
Англиски: stop Албански: ndërpres
Примери:
Двете земји ја прекинаа соработката.
Ги прекина односите со сите другари.
Прекина со девојката.
6. Запре започната игра, натпревар.
Англиски: interrupt Албански: ndërpres
Употреба: Спорт
Примери:
Судијата го прекина натпреварот.
Тие ја прекинаа партијата по триесеттиот потег.
7. Запре воена, борбена дејност.
Англиски: suspend Албански: ndërpres, pezulloj
Употреба: Воен термин
Примери:
По неколку месеци војување, двете земји ја прекинаа војната.
Откако потпишаа мировен договор, завојуваните страни ги прекинаа нападите.
8. (се прекине) Се раздели самото со кинење.
Англиски: tear Албански: këput
Примери:
Јажето се прекина насреде.
Од ветриштата се прекинаа електричните линии.
9. (се прекине) Изгуби сила, снеможе.
Англиски: weaken Албански: këput
Примери:
Снагата ми се прекина кога го видов таков.
Изведенки
1. прекинува несв.
(се) прекинуваат
2. прекинување ср.
глаг. им.
Пример: чести прекинувања
FlexiMac
 менување на македонски глаголи