а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

презре

презрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се однесе со презир кон некого или кон нешто.
Англиски: despise Албански: përbuz
Примери:
Тие го презреа поради неговото лошо однесување.
Тој ги презре нивните постапки.
2. Омаловажи, потцени нешто, не обрне внимание, не земе предвид нешто.
Англиски: underestimate Албански: nënçmoj
Примери:
Тој ги презре сите опасности.
Таа ги презре нивните совети.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи