а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преземе

преземат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Земе, прими нешто предадено, отстапено од друг.
Англиски: take over Албански: merr përsipër
Примери:
Го презеде зборот од претходникот и почна да објаснува.
2. Одземе нешто што припаѓа на друг.
Англиски: seize Албански: konfiskoj
Примери:
Армијата ја презеде власта.
3. Прими, прифати нешто од некого, од некаде.
Англиски: accept Албански: pranoj
Примери:
Црвениот крст ги презеде бегалците.
Овие зборови се преземени од рускиот јазик.
4. Пристапи кон реализација на нешто, се зафати со нешто.
Англиски: take Албански: filloj
Примери:
Централната банка ќе преземе мерки против инфлацијата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи