а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преживее

преживеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Преживее во настани учествувајќи во нив.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Преживеа тешка сообраќајна несреќа.
Тој ја преживеал болеста.
Тие ја преживеаја војната.
2. Остане жив, остане во живот по определен временски период.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Тој преживеал две светски војни.
Тој преживеа со помош на новите лекарства.
Не се знае дали болниот ќе ја преживее ноќта.
3. Истрпи тешкотии, помине живо во тешкотија, мака, страдање.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Не знам како ќе ја преживееме беспарицата.
Тој едвај ја преживеа зимата.
4. Претрпе, искуси, доживее нешто.
Англиски: suffer Албански: përjetoj
Примери:
Жената преживеа големи стресови.
Ние преживеавме еден тежок период од животот.
Изведенки
1. преживува несв.
преживуваат
2. преживување ср.
глаг. им.
Пример: Лични преживувања. Необични преживувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи