а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прежива

преживаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За некои тревопасни животни - повторно ја џвака храната вратена од желудникот, преџвакува.
Англиски: ruminate
Употреба: Зоологија
Примери:
Стоката преживаше на полјаната.
Кравата преживаше сено.
Изрази
Волот кога не јаде слама, си прежива - вредниот човек секогаш си наоѓа нешто да работи.
Изведенки
преживање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи