а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пред

Вид збор: Предлог
1. Предната страна на нешто.
Англиски: before
Примери:
Непознат човек застана пред портата.
2. Недалеку од нешто.
Англиски: in front of
Примери:
Со зурли и тапани се собраа пред селото.
3. порано, блиска претходност
Англиски: earlier
Примери:
Се вратив дома пред полноќ.
Излезе пред неколку минути.
4. временска мера
Англиски: a go
Примери:
Тоа беше одамна пред многу години.
Пред два дена ми се јави.
5. Дејство во нечие присуство.
Англиски: in face of
Примери:
Се колнам пред бога.
6. Предност при споредување.
Англиски: before
Примери:
Шампионот е пет бода пред второпласираниот.
7. Околност под која се врши некое дејство.
Англиски: before
Примери:
И боговите молчат пред вистината.
8. Најпрво, најважно, најмногу (во изразот „пред сè“).
Англиски: mostly
Примери:
Треба да се внимава, пред сè на парите.
Изрази
(посл.) Пред Божиќ, зад Божиќ, кај да си, дома да си.
Пред нос (пред очи) - многу блиску.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи