а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предност

мн. предности
Вид збор: Именка, женски род
1. Тоа по што некој или нешто се истакнува, се издвојува од другите.
Англиски: advantage Албански: avantazh
Примери:
Имаше многу предности во однос на другиот кандидат.
Крадецот ја искористи предноста на темнината и избега.
Предност му даде на разумот а не на чувствата.
Домашниот тим има предност од два гола.
2. Исклучиво, безусловно право.
Англиски: priority Албански: përparësi
Примери:
Јас доаѓав од десно и имав предност.
Жените со деца имаат предност.
Решавачка предност.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи