а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предаде

предадат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Даде нешто некому, врачи на тој за кого било наменето.
Англиски: surrender Албански: dorëzoj
Примери:
Му го предаде писмото.
Наградите им ги предадоа на пригодна свеченост.
2. Даде, остави, поднесе нешто на определено место (на пошта, во гардероба, на суд итн.) заради понатамошна постапка.
Англиски: surrender Албански: dorëzoj
Примери:
Го предадов багажот на станица.
Ја предаде молбата во архивата.
Предаде документи за упис на факултет.
3. Поднесе, изврши предавање на функција, должност и сл.
Англиски: hand over Албански: dorëzoj
Примери:
Ја предаде функцијата на новоизбраниот кандидат.
Ја предаде должноста на новиот командант.
4. Изневери, откаже верност, изврши предавство.
Англиски: betray Албански: tradhtoj
Примери:
Ја предаде земјата.
Ги предаде партиските интереси.
Го предаде брата си.
5. Прекине партија, меч со признавање пораз, со откажување.
Англиски: forfeit Албански: dorëzoj
Употреба: Спорт
Примери:
Го предаде мечот без борба.
Го предаде натпреварот по десетминутна игра.
6. Пренесе, соопшти некому нешто.
Англиски: pass Албански: përcjell
Примери:
Сето свое искуство им го предаде на младите соработници.
Детето доследно ги предаде зборовите од учителката на своите родители.
Предај им ги нашите поздрави.
7. Претстави, прикаже нешто преку слика, глума и сл.
Англиски: represent Албански: pasqyroj
Примери:
Тој убаво ги предал македонските предели врз своите платна.
Таа одлично ја предаде улогата на грофицата.
8. (се предаде) Се откаже од борба, престане да дава отпор.
Англиски: surrender Албански: dorëzoj
Примери:
Непријателските единици сами се предадоа.
Крадецот и се предаде на полицијата.
9. (се предаде) Во игра - признае пораз.
Англиски: forfeit Албански: dorëzoj
Употреба: Спорт
Примери:
Боксерот се предаде во втората рунда.
10. (се предаде) Се препушти, се оддаде на нешто, се занесе од нешто.
Англиски: give in Албански: dorëzoj, jap
Примери:
Им се предаде на своите мисли.
Му се предаде на сонот.
Ѝ се предаде на судбината.
Му се предадоа на ноќниот живот.
Изрази
Предаде богу душа - умре.
Предаде на заборавот - заборави.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи