а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прегрне

прегрне
Вид збор: Глагол, свршен
1. Опфати некого со двете раци и го притисне кон градите како израз на љубов, нежност, почит; стисне во прегратка.
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Ја прегрна мајка си.
Таткото ги прегрна двете ќерки.
2. Опфати нешто со двете раце.
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Го прегрна стеблото за да остане на нозе.
Му ги прегрна нозете молејќи го за помош.
3. (се прегрне) Се најде во прегратка, се гушне еден со друг.
Англиски: hug Албански: përqafoj
Примери:
Браќата се прегрнаа силно.
Двете другарки се прегрнаа и се расплакаа.
Изведенки
1. прегрнува несв.
(се) прегрнуваат
2. прегрнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи