а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преграби

преграбат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Опфати некого или нешто со двете раце.
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Детето го преграби дрвото со рацете.
Свирачот ја преграби гајдата и засвири.
Тој ја преграби жена си со рацете.
2. Присвои, зеде се само за себе.
Англиски: take possession Албански: përvetësoj
Примери:
Тој го преграби целиот имот и ништо не им остави на сестрите.
3. (се преграби) Се прегрне, се гушне еден со друг.
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Тие се преграбија и се стркалаа на тревата.
Изведенки
1. преграбува несв.
(се) преграбуваат
2. преграбување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи