а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прегори

прегорат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно.
Англиски: burn Албански: djegë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Домаќинката го прегоре ручекот.
Фурнаџијата го прегоре лебот.
2. Изгори, се расипе, добие куса врска, куршлус.
Англиски: burn out Албански: djeg
Примери:
Целата инсталација ни прегоре.
Светилките прегореа.
3. За сонце - изгори, исуши (нивје, посеви).
Англиски: dry out Албански: djeg, shkrumboj, thaj
Употреба: Екологија
Примери:
Нивјето прегореа од силното сонце.
Сонцето го прегорело полето.
Посевите прегореа од големите горештини.
4. За крава, овца, коза - престане да дава млеко.
Албански: shterr
Употреба: Земјоделство
Примери:
Млекото и прегоре на кравата од сушата.
5. Престане да гори.
Англиски: stop burning Албански: shuhet
Примери:
Огнот никако да прегори, да престане.
6. Прежали некого.
Англиски: stop mourning Албански: ngushlloj dhimbje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мајката никогаш не го прегоре својот син.
Изведенки
1. прегорува несв.
прегоруваат
2. прегорување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи