а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прегледа

прегледаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Разгледа содржина на нешто.
Англиски: check Албански: kontrolloj
Примери:
На границата им ги прегледаа патните исправи.
Таа ги прегледа сите текстови.
Тој го прегледа весникот додека пиеше кафе.
Учителот ги прегледа писмените задачи.
2. Разгледа определен простор, извиди определена состојба.
Англиски: inspect Албански: kontrolloj, inspektoj
Примери:
Ги прегледа сите простории на зградата.
Откако го прегледаа добро теренот, поставија заседа.
3. Провери, испита здравје.
Англиски: check Албански: kontrolloj
Употреба: Медицина
Примери:
Докторот за неколку часа ги прегледа сите пациенти.
Ветеринарот ги прегледа сите овци.
4. (се прегледа) Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед.
Англиски: check Албански: kontrollohem
Употреба: Медицина
Примери:
Се прегледа неколкупати, но ништо не му најдоа.
Таа се прегледа кај врвни специјалисти.
Изведенки
1. прегледува несв.
(се) прегледуваат
2. прегледување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи