а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преврзе

преврзат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Врзе, заврзе нешто околу обемот, опфати со врзување.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Неколкупати го преврза пакетот со коноп.
Таа ја преврза кутијата со шарена лента наоколу.
2. Врзе, заврзе некому нешто.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Им ги преврзаа рацете на заробените војници.
Тој му ги преврза очите со црна лента.
3. Стави преврска на рана.
Англиски: bandage Албански: bandazh
Употреба: Медицина
Примери:
Сестрата го преврза ранетиот.
Ветеринарот го преврза кучето со завој.
4. Врзе повторно, поинаку.
Англиски: tie again Албански: lidh përsëri
Примери:
Јажето се одврзало, преврзи го пак.
5. (се преврзе) Се врзе, се заврзе со нешто.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Се преврзал со ортомата преку половината и влегол во јамата.
Се преврза со шамијата и се фати за работа.
6. (се преврзе) Си врзе, си заврзе себеси нешто.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Девојчето си преврза шарено коланче околу половината.
Таа си преврза црна шамија на главата.
7. (се преврзе) За рана - се превие сам.
Англиски: bandage Албански: bandazh
Употреба: Медицина
Примери:
Се преврза самиот некако и се довлечка до колибата.
Изведенки
1. преврзува несв.
(се) преврзуваат
2. преврзување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи