а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

превез

мн. превези
Вид збор: Именка, машки род
1. вел
Англиски: veil Албански: duvak, vello
Примери:
невестински превез
бел превез
2. Нешто што го крие видикот, што оневозможува гледање, движење.
Англиски: veil Албански: vello
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се загледаа во магливиот превез.
Во урнатините се синееше густ превез од дим.
3. вел, илузија
Англиски: veil Албански: vello
Употреба: Преносно значење
Примери:
Живеел под превезот на славата.
Зад превезот на тие приказни се крие вистината.
Изрази
Под превезот (на нешто) - скриен, заштитен од нешто.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи