а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преведе

преведат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Водејќи некого преку, низ некој простор, помине, премине од една страна на друга.
Англиски: cross Албански: kaloj, kapërcej
Примери:
Ги преведе децата преку улица.
Рибарот нѐ преведе преку езерото.
2. Изврши превод, предаде текст од еден јазик на друг.
Англиски: translate Албански: përkthej
Примери:
Самиот ја превел песната на руски јазик.
3. Префрли пари (од една сметка на друга) по пошта, во банка.
Англиски: transfer Албански: transferoj
Употреба: Економија
Примери:
Тој ги преведе парите по пошта.
4. Пренесе имот (куќа, нива) од едно лице на друго.
Англиски: transfer Албански: transferoj
Употреба: Правда
Примери:
Им ја преведоа куќата на младите веднаш по свадбата.
5. Унапреди во повисок разред, чин.
Англиски: promote Албански: gradoj
Употреба: Административен термин
Изведенки
1. преведува несв.
преведуваат
2. преведување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи