а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

превари

преварат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Остави нешто да вари повеќе отколку што треба.
Англиски: overcook Албански: ziej tepër
Употреба: Гастрономија
Примери:
Го превари чајот.
2. Свари повторно, уште еднаш.
Англиски: cook again Албански: ziej përsëri
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ја преварив чорбата.
3. За ракија - го повтори процесот на варење за да биде појака.
Англиски: distil again Албански: destiloj përsëri
Употреба: Гастрономија
4. Престигне, престаса некого со одење, со трчање.
Англиски: overtake Албански: parakaloj
Примери:
Ве преварив зашто одев по пократкиот пат.
Тој ги превари другарите пред влезот во селото.
5. Направи нешто пред некого, излезе прв, побрз од некој друг.
Англиски: surpass Албански: tejkaloj
Примери:
Таа ги превари сите во работата.
Изрази
Кој превари - тој товари - кој ќе пристигне прв, тој ќе добие.
Изведенки
1. преварува несв.
преваруваат
2. преварување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи