а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прашање

мн. прашања
Вид збор: Именка, среден род
1. Израз со кој се прашува и се очекува одговор.
Англиски: question Албански: pyetje
Примери:
провокативни прашања
одговори на прашањето
пратеничко прашање
2. Тоа за што се раговара, се преговара, се бара решение.
Англиски: question Албански: lypet zgjidhje
Примери:
социјално прашање
национално прашање
станбено прашање
јазично прашање
3. Тоа што се однесува, што е поврзано со определена област, домен на работа, на дејствување.
Англиски: matter Албански: çështje
Примери:
прашање на вкус
прашање на чест
прашање на партијата
Изрази
Спорно прашање - работа за која постојат различни мислења, несогласувања.
Болно прашање - нешто сложено, замрсено, што тешко може да се реши.
Жешко прашање - нешто многу важно, актуелно, што предизвикува општ интерес.
Животно прашање - нешто што е од големо значење за или во животот на една личност.
Отворено прашање - нерешена работа.
Во прашање е - се работи, станува збор за некого или нешто.
Доведе во прашање - за нешто што е неизвесно, несигурно, нејасно.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи