а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прати

пратат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Упати некого некаде со определена цел.
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Ја прати ќерката на летување.
Го прати детето на чаршија по леб.
Фирмата ги прати на усовршување во странство.
2. Упати, достави некому нешто.
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Родителите ми пратија пари по пошта.
Тој ѝ прати писмо на девојката.
Тие ми го пратија багажот со брод.
3. Изрази почит, внимание кон некого (со зборови, со гест, писмено).
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Им прати поздрав на родителите.
Од прозорецот ѝ прати бакнеж.
4. Зрачи, емитува зраци, сигнали и сл.
Англиски: emit Албански: emetoj
Примери:
Сонцето ги прати последните зраци и се скри зад хоризонтот.
Сателитите пратија сигнали до најдалечните места на земјата.
5. Во состав на некои именки изразува дејство во однос со значењето на именката.
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Прати во војска.
Прати во пензија.
Прати в затвор.
Прати на суд.
Изрази
Како Господ да те пратил! - дојде токму навреме, во вистински час.
Го прати доврага (по ѓаволите) - обично во лутина, за изразување незадоволство.
Изведенки
1. праќа несв.
праќаат
2. праќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи