а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

практикува

практикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Стекнува искуство, се вежба.
Англиски: practise Албански: praktikoj
Примери:
Практикува во една телевизиска куќа.
2. Применува знаење во практика, врши стручна работа.
Англиски: work Албански: praktikohem
Примери:
Тој практикува како лекар веќе една година.
Практикува да свири во ноќни локали.
3. Применува, врши, спроведува дело.
Англиски: practise Албански: praktikoj
Примери:
Што практикувате во вакви случаи?
4. Има обичај, навика за нешто.
Англиски: use Албански: praktikoj
Примери:
Одделни ученици практикуваат да препишуваат.
Изведенки
практикување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи