а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

празни

празнат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави нешто да биде празно.
Англиски: empty Албански: zbrazë
Примери:
Го празни шишето.
Ја празни торбата.
2. Напушта нешто, заминува од некаде.
Англиски: desert Албански: braktis, lë
Примери:
Публиката ја празни салата.
Жителите го празнат градот.
3. (се празни) Станува празен.
Англиски: empty Албански: zbrazet
Примери:
Езерото се празни при големи суши.
Пазарот веќе се празнеше.
4. (се празни) За електрицитет - намалува електричен полнеж.
Англиски: discharge Албански: zbrazet, shkarkohet
Употреба: Физика
Примери:
При невреме, громовите удираа во дабот и се празнеа.
Изведенки
празнење ср.
мн. празнења
глаг. им.
Пример: електрични празнења
FlexiMac
 менување на македонски глаголи