а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

празник

мн. празници
Вид збор: Именка, машки род
1. Ден што се празнува во чест на накој настан или некоја личност.
Англиски: holiday Албански: fest
Примери:
национален празник
празник на жената
празник на трудот
2. Ден или повеќе денови едноподруго што се празнуваат во чест на некој светец.
Англиски: religious holiday Албански: festa
Употреба: Религија
Примери:
верски празник
божиќни празници
3. Слава, веселба, забава со цел да се прослави нешто.
Англиски: celebration Албански: kremt, festim
Примери:
куќен празник
4. Радост, среќа, задоволство поради нешто убаво.
Англиски: jubilation Албански: ngallëzim
Примери:
Оваа глетка е празник за окото и празник за душата.
Изрази
Не знае ни делник ни празник - секогаш работи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи